Маричиќ: Со заеднички напори можеме да успееме и да добиеме полноправно членство во ЕУ и тоа да се реализира до 2030-та

by Fokus

Денеска на јавната расправа при Комисијата за европски прашања за областа владеење на правото во функцијата на граѓаните, вицепремиерот Бојан Маричиќ утврди четири предизвици што произлегуваат од стратешката област „Владеење во функција на граѓаните“ од рамката за подготовка на Националната развојна стратегија, кои речиси целосно се совпаѓаат со обврските од преговорите за членство во ЕУ и со кластерите што ги опфаќаат владеењето на правото, борбата против корупцијата и јавната администрација.

Беше истакнато дека спроведувањето на Националната развојна стратегија, особено во првата деценија, ќе биде под силно влијание на карактеристиките на патот што треба да го изоди во пристапувањето кон ЕУ во периодот што претстои.

„Потребно е да се потенцираат крупните чекори кои се преземаат од страна на Владата во контекст на процесот на пристапување во ЕУ и во насока на обезбедување владеење во функција на граѓаните. Процесот на скрининг се одвива според планираното. Скрининг извештајот е мошне важен поради тоа што служи како водич во подготовката на трите патокази за владеење на правото, реформа на јавната администрација и функционирање на демократски институции, како и Акцискиот план за малцинствата. Тоа ни овозможува до крајот на годината, уште за време на шпанското претседателство да го отвориме Кластерот 1, `фундаментални вредности`“ порача Маричиќ.

Маричиќ во однос делот на реформи во судството напомена дека работата на Оценската мисија на ЕУ за Судскиот совет е завршена и дека се очекуваат препораките.

„За нас е важно правилно да бидат идентификувни недостатоците во однос на неговата поставеност и надлежности. Оценската мисија на ЕУ за Судскиот совет дојде навремено ако имаме предвид дека во овој момент е во подготвка патоказот за владеење на правото за севкупно подобро работење на судството. Препораките од Извештајот ќе бидат земени предвид и соодветно адресирани“ рече тој.

Тој истакна дека е исклучително важно вклучување на сите политички субјекти, политичките партии, пратениците, Владата, како и важноста да се вклучат и обвинителите, судиите, членовите на јавните институции, судскиот совет, академијата, невладиниот сектор за развојот на Националната стратегија за владеење на правото.

Поврзани новости