Македонските ракометари ја победија Србија

by Fokus

Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва триумфираше против Србија со 32-29 за втора победа во вториот подготвителен меч.

За прв пат во историјата Македонија ја победи Србија на гости 29-32 за две победи во двата тест дуели. Гоце Георгиевски беше најефикасен со осум гола, Марко Вујин со седум гола кај српскиот тим.

Репрезентацијата се враќа во Скопје, следува пауза за Божик и завршните финеси пред заминувањето во Загреб.

Поврзани новости