Македонската полиција фатила камион со 60 мигранти

by Фокус

Полицијата открила нов случај на криумчарење мигранти близу македонско-грчката граница.

Станува збор за група од повеќе од 60 мигранти пронајдени во камион со скопски регистарски таблички близу селото Миравци.

За настанот е известено обвинителството за гонење организиран криминал, кое е надлежно за овие случаи.

Во последните недели зачестија обидите за криумчарење мигранти во земјава, особено откако Турција ја крена рампата за нивен трансфер кон Грција и Бугарија.

Сепак, најверојатно станува збор за мигранти кои од порано биле на територијата на Грција, а сега полесно се движат на север затоа што грчките полициски сили се концентрирани на граничната линија со Турција.

Поврзани новости