После фантастичниот настап на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот на втори јуни пред Владата, ФФМ (чии главни луѓе претходното раководство на таа партија посакуваше да завршат во ендек) сериозно размислува да го прати како наш претставник на светското првенство Христијано Рондалдо, ова Кристијано Мицкоски, ова Христијан Мицкоски, де!
Во ФФМ се убедени дека сега, откако покажа дека може да собере народ на улица, нашиот Христијано е полн со доволно енергија, елан и ЕЛЕМ, за да може да ги фрли сам во сенка сите фудбалски ѕвезди на целиот свет. Само треба да надојде како Вардар.
П.С: Патем, ова не прв пат од ВМРО-ДПМНЕ да имаат фудбалски ѕвезди. Да се сетиме на Грујотели:
Напомена: Вестите се измислени и сатирични и служат како пародија од моменталните збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста тие во иднина по некоја случајност да станат реални и точни.