Мајката на Антонијо Милошоски е позитивна на корона вирусот

by Фокус

Maјката на пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, Стетлана Милошоска, е позитивна на коронавирус. Таа на нејзиниот фејсбук-профил напиша:

„Должност ми е да Ве известам, дека како медицинска сестра вработена во болницата во Кичево, и покрај почитувањето на сите мерки на претпазливост пропишани од нашата медицинска установа, за жал завчера ги почувствував првите симптоми на покачена температура и направив тестирање во текот на вчерашниот ден. За жал, денешните резултати покажаа дека сум позитивна на вирусот ковид- 19“.

Поврзани новости