Милошоски оди 10 дена во самоизолација поради контакт со неговата мајка

by Фокус

Поради контакт со неговата мајка Светлана Милошоска, која денес објави дека е позитивна на Ковид 19, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски оди во самоизолација.

„Драги пријатели, мојата мајка Светлана Милошоска, која 40 години работи како медицинска сестра во болницата во Кичево, попладнево ме извести дека е позитивна на Ковид-19. Веднаш по известувањето бев исконтактиран од надлежниот епидемиолог од Битола кој според здравствениот протокол ми пропиша мерка самоизолација до 6-ти јули, заради кратката средба со мајка ми пред 5 дена во Кичево. Мерката доследно ќе ја почитувам, како што ги почитував и правилата за носење на маска и честа хигиена во изминативе 4 месеци“, напиша Милошоски.

Поврзани новости