Мицкоски од Неготино: Требаше повеќе да работат, наместо да газат по персиските килими во институциите

by fokus

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при неговата посета денеска во Неготино им се заблагодари на оние кои, како што рече, пред многу  години до денес  ставаа цигла по цигла, штица по штица за да може  да стојат пред најголемата и најорганизираната политичка сила  во Македонија, а тоа се основачите и ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино.

-Изминативе денови започна  кампањата за предвремените парламентарни избори и започна во едни специфични услови од тоа што беше во минатото, затоа што ние сме единствената држава во Европа која никако да излезе од овој прв бран кој не зафати со оваа пандемија. Не можеме да излеземе затоа што за жал имаме некадарни политичари, имаме политиколози наместо инфектолози во Комисијата за заразни болести кои што за жал мерките кои што ги спроведуваат не само што не вродија со плод, не донесоа резултати туку напротив ја влошија состојбата. Она што е важно е почитувајќи ги мерките на 15 јули да излеземе масовно како што тоа знае да го направи патриотско Неготино и да го казнат ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, истакна Мицкоски.

Мицкоски при неговото обраќање пред неготинчани посочи дека доста е веќе граѓаните да се чувствуваат како граѓани од втор ред во сопствената држава, да шетаат со наведнати глави, обесправени и кажа дека на сето тоа ќе му се стави крај на 15 јули кога ќе се порази ова раководство на СДСМ и Заев.

-Можеа да направат повеќе работи, само требаше повеќе да работат, наместо да уживаат фино залегнати во нивните кожни фотелји, да ги газат оние персиски килими  во институциите. Наместо да ги уживаат тие привилегии требаше да се симнат овде со народот и да разговараат што го мачи. Можеа да  го направат подостоинствен македонскиот земјоделец наместо да чека предизборни ветувања за субвенции, за загарантиран откуп, тоа да го добива навремено како што тоа го ветуваа во 2016 овде во Неготино, рече Мицкоски.

Поврзани новости