Потенцијалниот лек против новиот корона вирус „Ремдесивир“ се покажа како неуспешен по првото клиничко испитување, се наведува во случајно објавениот документ од Светска здравствена организација.
Во нацрт-документот се посочува дека тестирањето спроведено во Кина покажало дека „Ремдесивир“ е неуспешен за лекување на Ковид-19. Лекот не ја подобрил состојбата на пациентите.
Американската компанија „Gilead Sciences“ која го произведе лекот тврди дека во документот е погрешно е претставено спроведеното тестирање.
СЗО тврди дека по грешка е објавен извештајот и го отстрани од базата на податоци за клинички тестирања.
При тестирањето биле вклучени 237 пациенти, а лекот го примиле 158, додека 79 добиле плацебо. По еден месец 13,9 проценти од пациентите кои го примиле лекот починале, како и 12,8 отсто од тие што добиле плацебо. Истражувањето е прекинато пред време поради појава на нуспојави на лекот.