Трамп предлага инјектирање на средство за дезинфекција, лекарите во шок

by fokus

Претседателот на САД Доналд Трамп повторно коментираше за лек кој според него би помогнал против Ковид-19, но неговите коментари експертите ги нарекоа неодговорни и опасни.

Поточно, Трамп сугерираше дека инјектирање средство за дезинфекција како што е изопропил алкохол во телото може да го убие корона вирусот, а исто така предложи и зрачење на телото на пациентот со УВ зраци.

Ваквите медицински совети на Трамп лекарите ги нарекоа шокантни.

Американски научници открија дека вирусот ја губи моќта побрзо кога е изложен на сонце, топлина и влажност, а истражувањето го претставија на прес конференција. Покрај тоа, истата студија откри дека белилото може да го убие вирусот во плунка или респираторна течност во рок од пет минути, а изопропил алкохол, наводно, го сторил истото за пократко време.

Трамп истакна дека ова истражување треба да се разбере со претпазливост, а потоа рече:

– Да претпоставиме дека го удираме телото со големи УВ зраци или некое друго моќно зрачење, и потоа се сврте кон д-р Дебора Биркс, координатор на Белата куќа за борба со корона вирусот и додаде: „Мислам дека рековте дека се уште не сте го провериле, но дека ќе тестирате“.

– Јас тогаш реков што може да се случи ако внесеме воздух во телото, што може да се направи преку кожата или на друг начин, така ти рече дека и ти ќе го тестираш. Тогаш видов средства за дезинфекција што го уништуваат вирусот за една минута, има ли начин да се направи вакво нешто, преку инјекција или чистење? Да се ​​внесе тоа во белите дробови некако. Тоа би било интересно да се провери“, заклучи Трамп.

Потоа ја праша д-р. Биркс за тоа дали слушнала за третман на корона вирус со топлина и воздух?

„Не како третман. Мислам, температурата е добра работа, тоа му помага на телото да одговори на болеста, но се уште не сум видела третман со топлина или зрачење”, заврши Биркс.

Медицинските експерти низ САД беа шокирани од предлогот на Трамп. Меѓу нив е и пулмологот д-р. Вин Гупта кој изјави за Ен-Би-Си:

– Самата идеја да се инјектира каков било производ за чистење во организмот е опасна и неодговорна. Тоа е познат метод што луѓето го користат кога сакаат да се самоубијат, истакна тој.

Кашиф Махмуд, доктор од Чарлстон, Западна Вирџинија, на Твитер напиша:

„Како доктор, не можам да препорачам вбризгување средство за дезинфекција во вашите бели дробови или употреба на УВ за лекување на корона вирусот. Не слушајте ги медицинските совети на Трамп”, посочиле лекарите.

Поврзани новости