Лани речиси 1.400 работници се повредиле на должност

by Фокус 14:24
14:24

Бројот на повредени работници на должност во последните четири години е пораснат за 100 проценти! Од 625 во 2010 година, на 1.338 во 2013 година, алармираше денеска Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

povredi rast

- Advertising -

mila_carovska– Годината 2012 е најнесреќна за работниците во време на владењето на Груевски. Тогаш, дури 1.446 работници биле повредени, додека ја извршувале својата работа. За истиот период, во пораст е и бројката на смртни случаи на работници, на работното место! Овие бројки алармираат дека власта не само што не ги штити работничките права, туку се обидува да се извлече и од одговорност. На тоа упатуваат и последните законски измени. Претходно претпријатијата мораа да гарантираат со изјава, секоја година, дека ги исполнуваат условите за безбедност и за здравје при работа, меѓутоа сега Владата оваа одговорност им ја префрли на синдикатите – потенцираше Царовска.

Според неа со новината самата власт се заштитува од одговорност, ако на некој работник му се случи нешто поради несоодветни услови за работа.

Поврзани новости