Кучиња нападнале минувач на булевар „ВМРО“

by fokus

Две напади од кучиња скитници биле вчера пријавени во полиција. Едниот се случил вчера попладне, околу 15.20 часот кога 23-годишниот Т.Т. бил каснат за левата нога во пределот на подколеницата од неколку кучиња скитници на булеварот „ВМРО“.

Другиот напад се случил на први месецов. Како што пријавила мајката на 15-годишно девојче, пред шест дена околу 16.40 часот на улицата „Димитрија Чуповски“, девојчето било каснато од куче скитник во пределот на левата дланка.

Поврзани новости