Ковачки: Петков да отвори македонски културни центри во Благоевград

by fokus

Премиерот Петков испушти прилика и можеше вчера да се извини за македонските жртви кои што се нанесени од страна на бугарските фашисти во Втората Светска војна, исто како што тоа го направи Вили Брант во Варшава“, вели Драган Ковачки на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков вчера во Битола.

Ковачки нагласи дека доколку Петков навистина се залага за европски вредности и добрососедски односи со Македонија, тогаш да отвори македонски културни центри во Благоевград, Сандански и Софија, повикувајќи ги Ковачевски и Османи да не бегаат од јавноста и да се произнесат во однос на ова прашање.

-Доколку се залага за вистински европски вредности за добрососедство може да отвори македонски културни центри во Сандански, Благоевград, Софија итн. Премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи да не бегаат од јавноста и тие треба да се произнесат за ова прашање“, посочи Ковачки.

Поврзани новости