Ковачевски, Спасовски и Зечевиќ на пеливански борби

by Фокус

Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, Миле Зечевиќ и други претставници на раководството на СДСМ денес присуствуваа на пеливански борби во село Цветово, Студеничани.

„Традиционалните пеливански борби на нашите простори се негуваат повеќе од 500 години, што е за голема почит. Овие традиции се богатството на нашето мултиетничко и мултикултурно општество, а наша обврска е тоа богатство да го чуваме, да го негуваме и да дадеме свој придонес во неговата промоција. СДСМ силно ги почитува различностите, и токму затоа СДСМ ја предводи големата мултиетничка коалиција и проевропска Влада која дели исти, европски вредности“, соопштија од СДСМ.

Поврзани новости