Татко пријавил дека 78-годишен сосед го силувал неговиот син

by Фокус

Скопјанец пријавил обљуба врз неговиот малолетен син од страна на сосед, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, 56-годишник пријавил дека на 25 и на 30 септември, врз неговиот малолетен син била извршена обљуба од нивниот сосед со иницијали Д.П., на возраст од 78 години“, се појаснува во соопштението.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости