Корона вирусот се шири во пет нови текстилни фабрики во Штип

by fokus

Работници од пет текстилни компании и нивни блиски деновиве ги чинат новите бројки на заболени лица од Ковид-19 во Штип, објави МЕТА. Вчера имаше 14 потврдени случаи, денеска бројката е близу десет, но не се комплетирани резултатите од тестирањата од уште две лаборатории, потврдуваат од Центарот за јавно здравје од Штип.

Од денеска на еднонеделен одмор се стотина работници од текстилна компанија, каде изутрината се потврдени два случаи на ковид-19, а десетина се појавиле на работа со симптоми. Сопственикот најавил дека сите работници ќе бидат тестирани, по што ќе продолжат со работа.

Во Центарот за јавно здравје велат дека повеќе во Штип не може да се зборува за кластери. Вирусот е раширен насекаде.

Во Клиничката болница во Штип има 53 хоспитализирани пациенти, од кои неколку се со потешка клиничка слика.

Поврзани новости