Обвинение за двете момчиња кои во стан затворија девојка од Италија и ја присилуваа да се омажи со едниот од нив

by fokus

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против две момчиња на возраст од 19 и 20 години, кои на почетокот на месецот, во стан во Охрид, затворија девојка од Италија и ја присилуваа да се омажи за едниот од нив, за да добие италијански документи. Тие се гонат за кривично дело „противправно лишување од слобода“.

-Обвинителството ги товари обвинетите соизвршители дека на 3 јули 2020 година противправно ја лишиле од слобода и го ограничиле движењето на оштетената, државјанка на Република Италија. Првообвинетиот кој имал привремен престој во Италија, во државава пристигнал заедно со оштетената, со намера да ја убеди таа да склучи брак со второобвинетиот, негов роднина од Скопје, за да може и тој да замине во Италија. Откако пристигнале, тие ја заклучиле оштетената во стан во Охрид и се одалечиле во непознат правец. Настанот бил пријавен од  Амбасадата на Република Италија, по што двајцата обвинети биле пронајдени и лишени од слобода, соопшти Јавното обвинителство.

Поради постоење на опасност од бегство на обвинетите, како и можност да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид заедно со обвинението достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.

Поврзани новости