627
Вакцина против корона вирус што се развива во Кина може да биде подготвена за јавна употреба уште во ноември, изјави официјален претставник поврзан со кинескиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).Кина има четири вакцини против Ковид-19 во завршна фаза од клиничкото испитување.
Како што пренесуваат странските агенции, најмалку три од нив се веќе понудени на најизложените служби.
– Третата фаза се одвива непречено и вакцините може да бидат готови за јавноста во ноември и декември, рече главниот експерт за биосигурност на ЦДЦ Гвижен Ву во интервју за државната телевизија.Ву, која рече дека не почувствувала никакви абнормални симптоми во изминатите месеци по примањето на експерименталната вакцина во април, не прецизираше за која вакцина станува збор.
Одделот на државниот фармацевтски гигант на Кинеската национална фармацевтска група (Синофарм) и Синовац Биотек развиваат три вакцини како дел од државната програма.Четвртата е развиена од CanSino Biologics и нејзината употреба е одобрена во јуни кај кинеската војска.
Синофарм соопшти дека нивната вакцина може да биде готова за јавна употреба до крајот на годината по завршувањето на испитувањето во третата фаза.
Светските производители се натпреваруваат за развој на ефикасна вакцина против вирусот од кој починаа повеќе од 925.000 луѓе.
Водечките западни производители на лекови ветија претходно овој месец дека ќе се држат до стандардите на научно истражување и ќе отфрлат каков било политички притисок за забрзување на процесот.