„Finance Think“ бара да се врати мерката од 14.500 денари по вработен од дејностите кои биле најсилно погодени од кризата

by fokus 16:45
16:45

Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“ предлага враќање на мерката 14.500 денари по вработен за дејностите кои биле најсилно погодени од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид -19.

Поточно, предлогот на „Finance Think“ е да се доделат 14.934 денари месечно по вработен за компании кои во периодот јули – септември имале пад на приходите во однос на периодот април-јуни. Компаниите ќе треба да се обврзат на 1 октомври да имаат најмалку ист број вработени како на 30 јуни и да го задржат истиот број вработени во рок од три месеци по завршување на мерката, односно до март следната година.

- Advertising -

Очекувањата се дека со оваа мерка би биле опфатени 68.568 работници. Месечниот трошок за реализација на мерката би бил 16,6 милиони евра, а вкупниот трошок 100 милиони евра. На работа би се вратиле 11 илјади работници што, според проценките на Институтот, е една четвртина од нововработените.

Со реализација на мерката би имало и дополнителен приход во Буџетот врз основа на данок на личен доход и придонеси од најмалку 7,2 милиони евра.

Поврзани новости