Ќерката на Назарбаев од Казахстан изнела 300 милиони евра и купила авион и банка

by fokus

Ќерката на пораншениот казахстански претседател, Алија Назарбаева своевремено од земјата изнела 300 милиони евра кои потоа ги трошела во Лондон.

Миленичката на некогаш моќниот казахстански претседател купила авион вреден 25 милиони долари, куќа од 8.75 милиони фунти во Лондон, па дури и приватна банка.

Назарбаева им дала упатства на двајца професионални финансиски советници да купат раскошни куќи, банка и луксузен авион, откако ги префрлиле парите во сложена мрежа на оф-шор компании што се протега од Лихтенштајн до британските Девствени Острови, пренесува британски Телеграф.

Освен милионските купувања во В.Британија, Алија Назарбаева му наредила на својот тим да купи и имот во Дубаи во вредност од 14 милиони долари, вклучувајќи и вила на елитниот остров Палм Џумеирах.

Деталите од овој милионски шопинг од 2006 година, прв пат се откриени вчера и најверојатно ќе предизвикаат дополнителни потреси во Казахстан, погоден од насилните протести насочени кон тамошната елита која со децении владее со земјата.

Поврзани новости