Основното јавно обвинителство Дебар поднесе предлог за издавање казнен налог против 27-годишен жител на Дебар за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Како што е наведено во соопштението од Јавното обвинителство, на 29 март, обвинетиот 27-годишен жител на Дебар не се придржувал до прописите и наредбите со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на заразната болест КОВИД-19. Имено, непочитувајќи ја одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Македонија, тој се движел во близина на зградата на Општина Дебар за време на полицискиот час.
Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот суд Дебар да му изрече парична казна на обвинетиот. Постапувајќи по ваквиот предлог, Судот го огласи за виновен и на обвинетиот му е изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба е определена на 10 евра во денарска противвредност.