Катанец на „Македонско село“, комплексот престанува да работи од утре

by Fokus

Од утре, 18-ти октомври се затвора комплексот „Македонско село“, инвестиција од 6,5 милиони евра што се наоѓа во Нерези. Нејзин концесионер е некогашниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, преку неговите фирми „Тинекс“ и „Квинс“.

„Ве информираме дека менаџментот на комплексот ‘Македонско Село’ донесе одлука за затворање на комплексот и истиот престанува да работи од 18.10.2018 (четврток). Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години“, пишува во постот на „Фејсбук“, објавен утринава.

Поврзани новости