Спиновите на ВМРО – ДПМНЕ не поминуваат, граѓаните знаат дека општина Гази Габа забрзано се развива

by Fokus

Граѓаните се заситени веќе од деструктивноста и опструкциите на ВМРО ДПМНЕ, која со години ја држеше како заложник целата држава, а денес прави напори да ја блокира во секој поглед работата на општина Гази Баба, велат од општината.

„Мора еднаш за секогаш да прекинат со грубите лаги и монтирани спинови со кои сакаат да ја замајуваат јавноста.

Градоначалникот Борис Георгиевски беше и се уште е тој кој сака конечно да стави крај на хаосот со месните заедници. Загрижените советници на ВМРО-ДПМНЕ цели 12 години ги оставиле месните заедници без претседател и совети на граѓаните.

Истите тие денес загрижени советници, ја буткаа одлуката и го одлагаа изборот за претседатели и совети во месните заедници неколку седници наназад. Истите тие бараа да се воведат нови правила за избор, затоа што и самите знаеја дека правилата по кои тие претходно ги избирале месните заедници се крајно погрешни.

Овие денес загрижени советници на 14.09.2018 година што е 9 дена пред почетокот на изборите во мсните заедници, поднеле претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа каде ја обжалуваат одлуката за распишувањето на изборите, за која и тие гласале на седница.

Токму врз основа на таа претставка, беше донесена конечната одлука на градоначалникот за поништување на изборите во сите урбани месни заедници, со цел да се земат во предвид забелешките на советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Советниците од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ треба да го одберат патот по кој ќе одат и да го соопштат пред граѓаните. Дали ќе останат на својот пат со блокади и кочења за развојот на општината, само затоа што тоа им е партиска наредба. Или пак ќе се приклучат на патот за создавање на модерна и отворена општина за сите, каде се и граѓаните на Гази Баба“, додаваат од општина Гази Баба.

Поврзани новости