Како Рашковски пред два месеци поврза новинар со „Ла Верита“: И по италијански медиуми сте ја пласирале веста

by fokus

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, реферираше на италијанскиот весник „Ла Верита“ на неговата прес конференција откако беше објавена аудио снимката за тендерот Македонска Навигација (М-НАВ). „Ла Верита“ е денеска во очи на јавноста откако објави видео снимка од случајот „Рекет“. Потсетуваме на изјавата на Рашковски каде дава краток коментар и за весникот кој објави сторија за аферата.

На прашање на новинарот од „Лидер“, Љупчо Златев, кој прашува дали земал провизија, Рашковски вели:

-Не знам дали сте свесни за последиците од тоа што го тврдите. Гледам дека денеска сте почнале и по италијанските медиуми да ја пласирате веста – рече Рашковски на прес конференцијата на 2 јули.

Инаку, видеото го објави Ларис Гајзер кој претходно ја објави и сторијата за Рашковски, под наслов „Скандал во Скопје, Тендер за „Леонардо“, циганите како нас“.

Поврзани новости