573
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција посочи дека ќе има соодветни санкции за болницата од Охрид, откако беше откриен пропуст при што почина жена од Струга заразена со корона вирусот.
„Сакам да информирам дека во болницата во Охрид е завршен увидот. Изречени се казни на претходната директорка, на доктори специјалисти и на самата институција. Ќе се направи стручен увид од Лекарската комора и ќе се дискутира детално“, соопшти Филипче.