543
Индија ја престигна Италија по бројот на заразени со корона вирусот, откако регистрира уште еден рекорден дневен скок во бројот на нови случаи и сега е шеста најзагрозена земја во светот.
Во последните 24 часа во Индија се регистрирани 9.887 нови случаи, со што вкупниот број на заразени се искачи на 236.657, соопшти индиското Министерство за здравство.
Во Индија, според податоците од Интернет страницата Ворлдометерс, од Ковид-19 досега починале повеќе од 6.500 луѓе.