Во изминатите 24 часа биле приведени 155 граѓани за прекршување на полицискиот час

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се 481 граѓани кои не носеле заштитна маска, а 155 се приведени од 203 лица кои не ја почитувале забраната за движење, информираат од МВР.

Како што соопшти МВР, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 722 лице им се издадени решенија за изолација, а 185 лица потпишале изјави за самоизолација.

„Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација“, се наведува во соопштението на МВР.

Поврзани новости