И раководителот на Центарот за управување со кризи во Куманово негативен на Ковид-19

by fokus

Уште еден член на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово е негативен на Ковид-19, односно раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи, Горан Стојановски.

Претходно и градоначалникот Максим Димитриевски соопшти дека е негативен на Ковид-19.

Стојановски на својот фејсбук профил напиша дека направил два теста кои покажале не дека не бил заболен, а тври и дека воопшто не бил во контакт со лице заболено од Ковид19.

– Првиот PCR тест изготвен во референтна лабараторија, како и вториот брз RAPID тест за антитела IgG и IgM се негативни и укажуваат на фактот дека нити сум дошол во контакт со инфициран од Ковид-19, ниту пак воопшто станува збор кај мене, во мојот организам за некакво си заразување со Ковид-19.

Сите ние околу себе имаме семејства со кои сме блиски, а во кои има и хронично болни и постари лица, стравот од непознатото е голем и сериозен, можноста од пренесувањето во контактибилноста со истите е реалност и претставува баласт исклучително на оној кој е заразен а не знае или од било кои причини не му е укажано правовремено за да создаде сопствен начин на однесување кон другите на кој што нема да им наштети. Сам, изолиран, одделен од семејството, од најмилите со посебен режим на однесување со многу време за размислување и себеобвинување од типот каде згрешив, што се случува, што да очекувам што ќе се случи со моите, најблиските, пријателите, луѓето, граѓаните, човекот воопшто, животот, сликите се редат и сфаќаш дека си можел и немо да говориш во себе и со себе.

Кога сето ова ќе го читат моите пријатели ќе речат види го пријателов и филозов станал, аман бе кажи ја суштината од тажната околност оти с’ска не фати ќе не расплачеш како си почнал.

По 8 (осум) дена од доставата на Решението изготвено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат од 16.04.2020 година, во кое се вели дека сум лабараториски потврден случај позитивен на Ковид-19 кому му се одредува лекување и изолација во домашни услови во траење од 14 дена и до добивање на два последователни негативни резултати од овластена лабараторија, со тестовите кои на 22.04.2020 година, ги имам направено се и двата негативни.

Се убедувам себе си, а уште повеќе сакам да верувам дека Лабараторија при Институтот за јавно здравје при прегледување на моите брисеви има направено превид или случајна грешка, но не сакам ни да помислам дека позадината е нешто сосема друго кое по некаква потреба го прави позитивен мојот резултат.

Зошто пак сето ова го говорам. Побудата не е од причина поради страв од жигосување или стигматизмот кон мене, ниту пак чувствувам потреба да седам 20 тина дена дома покрај семејството а сето тоа да ми биде платено од Државната каса, напротив потребата од свесноста да укажам на можните грешки, е поголема од се друго, потребата од сознанието и просветленоста кон другите да укажам на фактот дека се работи за луѓе а не за бројки, да го потикнам чувството на одговорноста кон сето она што го правиме и говориме, затоа што на крајот на денот народов наш напатен сигурноста ја бара во Нас сите од кои неговата иднина зависи. Утре во писмена форма ќе се обратам до ЦЈЗ Куманово иако ценам дека воопшто не е вина на Епидемиологот и ќе побарам повторување на тестирање исклучиво за мене за да ја корегираме грешката. Јас и понатака како граѓанин, ќе се однесувам одговорно почитувајќи го Решението на ДЗСИ и постапувајќи во однос на претходно воспоставените термини декларирани во истото.

На сите мои позитивно дијагностицирани сограѓани им посакувам побрзо закрепнување и целосно оздравување, а на останатите стриктно почитување и придржување кон севкупните мерки за спречување на можноста од заразување со Ковид-19, пишува Стојановски.

Поврзани новости