ЈСП: Од утре, од 15 часот, до понеделник, до 5 часот, нема да има автобуски превоз

by fokus

Од ЈСП информираат дека од утре од 15 часот, до понеделник до 5 часот наутро, нема да има автобуси.

-Јавниот превоз од утре, сабота (25 април) од 15 часот до понеделник (27 април) до 5 часот, нема да функционира. Ваквиот режим е согласно одлуката на Владата за забрана на движење на граѓаните во посочениот период, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Термините за поаѓањето на автобусите може да се видат на веб страницата www.jsp.com.mk.

Отворени од 7.30 до 14 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје. Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар, информираат од ЈСП Скопје.

Поврзани новости