Груби: Парламентарното мнозинство е стабилно и без Села

by Фокус

По изборот на Висар Ганиу за градоначалник на Чаир, нов заменик-министер за образование и наука ќе биде Арбeр Адеми, информираше денеска Артан Груби од ДУИ.

Тој денеска потврди дека во замена за министерството за здравство, кое замина кај СДСМ, на Алијансата на Албанците и е понудено вицепремиерско место за реформи.

– Ситуацијата е решена. Парламентарното мнозинство е стабилно и без и со партијата на Зијадин Села – рече Груби.

Поврзани новости