Фатени тројца прилепчани кои „оперирале“ по цркви, за три месеци провалиле во десет

by fokus

Против тројца прилепчани е поднесена кривична пријава под сомнение дека извршиле кражби во повеќе цркви на подрачјето на општините Битола, Новаци и Могила. 27-годишните С.А. и С.А. и 37-годишниот В.К. ќе одговараат за „тешка кражба“.

Според полицијата во период од три месеци, помеѓу август и ноември, тројцата осомничени влегле во десет цркви во селата Агларци, Далбеговци, Дедебалци, Беранци, Лознани, Новоселани, Вашарејца, Трап и Новаци. Кражбите ги вршеле групно. Со употреба на сила и погоден алат ги кршеле катанците, ги отворале влезните врати од црквите и влегувале внатре.

Тие, во црквите најчесто одземале пари, но и бакарни предмети кои се користат за крштевање, продолжни кабли, златни ланчиња и друго.  Со овие дејствија, пријавените предизвикале вкупна материјална штета од 126.000 денари.

Поврзани новости