Грција ќе добие службена влада и лидерот на ПАСОК Андрулакис го врати мандатот 

by Fokus

Лидерот на грчката опозициска партија ПАСОК – Движење на промена, Никос Андрулакис на средбата со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу рече дека ѝ го враќа мандатот бидејќи нема простор за формирање влада, јави новинската агенција МИА.

Киријакос Мицотакис,  чодер на Нова Демократија и Алкесис Ципрас лидер на Сириза  претходно го вратија мандатот. Мицотакис, иако победи на изборите со водство од 20 отсто пред Ципрас, не сакаше да формира влада и побара нови избори за да го зголеми бројот на пратеници и да не бара коалициски партнер.

Со доделувањето и на третиот мандат заврши формалниот дел на доделување на мандати за првите три партии и заврши првиот дел од одредбите предвидени со Уставот.

Претседателката на Грција или ќе свика лидерска средба или телефонски ќе разговара со претседателите на партиите во последен обид да се формира Влада со широко мнозинство, што во конкретниот случај ќе биде само формално, за да се запазат процедурите.

Понатаму следи и формирање службена Влада која ќе има обврска, да ја одведе земјата на избори. Мицотакис вчера побара новите избори да бидат на 25 јуни.

Поврзани новости