Гласањето не е почнато навремено во едно избирачко место во Тетово поради апаратот за идентификација

by Fokus

Поради нефункционалност на апаратот за идентификација во едно избирачко место од вкупно 117 не е почнато навремено гласањето во 7 часот, соопшти Општинската изборна комисија Тетово.

Како што информира претседателот на ОИК Тетово, Зулќуфли Реџепи, гласањето не било почнато до 8 часот и 15 минути, а за тоа како ќе се продолжи, рече дека е пријавено и чека решение од Државната изборна комисија.

Во Општина Тетово за парламентарните избори право на глас имаат 86.550 граѓани, додека за вториот круг за избор на претседател ќе може да изберат вкупно 86.405 луѓе. Од тие бројки вчера имаа прилика да гласаат имаат 54 затвореници, како и 181 лице, како болни и немоќни лица со право на глас.

Поврзани новости