518
По изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека вакцина може да се очекува кон крајот на 2020 година, германскиот министер за здравство Јенс Шпан истакна дека пронаоѓање вакцина за новиот корона вирус може да потрае неколку години.
„Многу би се радувал ако тоа се случи за неколку месеци, но мислам дека треба да бидеме реални. Процесот може да трае со години, бидејќи може да биде разочарувачки, како со другите вакцини. Развивањето вакцина е една од најтешките работи“, изјави Шпан.
Трамп, пак, беше поголем оптимист за ова прашање и истакна дека верува оти вакцината ќе ја има до крајот на годината.