Гејтс напиша книга „Како да ја спречиме следната пандемија“

by Fokus

Милијардерот Бил Гејтс е автор на нова книга наречена „Како да ја спречиме следната пандемија“ („How to Prevent the Next Pandemic“), која треба да биде објавена во мај годинава.

Во најавата за книгата тој порача дека пандемијата на коронавирусот може да биде последна, без оглед на тоа колку делува невозможно според сегашните околности.

Напомна дека коронавирусот даде јасно до знаење дека приоритет мора да биде елиминирањето на закани кои можат да предизвикаат следна пандемија.

Гејтс вели дека ја следи пандемијата уште од самиот почеток и работејќи со експерти, научил многу за неа. Укажа дека со книгата сака да го сподели тоа што го слушнал од експертите со кои соработувал, со цел да придонесе за превенирање нови пандемии.

-Во книгата се осврнав на специфични мерки кои може да ги преземеме не само за да запреме пандемија туку и да овозможиме подобра здравствена заштита на луѓето низ светот, вели Гејтс.

Книгата содржи и разговори со Ентони Фаучи и Тедрос Адханом Гебрејесус. Наведе дека има напишано и за теориите на заговор.

Заклучокот на Гејтс е дека со вистински избори и инвестиции пандемијата на коронавирусот може да се направи да биде последната пандемија.

Поврзани новости