ГАЛЕРИЈА Соборниот храм празен, само по еден внатре со заштитна маска

by Fokus

Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ денеска  не можеше да се забележи фреквенција на луѓе, како што е традиционално секоја година на Велики четврток.

Опасниот корона вирус е причината што Соборната црква беше празна и внатре можеа да се видат само по еден или двајца, кои носат заштитни маски.

Веќе неколку недели постои дебата за тоа дали луѓето во овој период околу Велигден можат да одат на црква, дали треба да се собираат во толпи, дали да користат сите едно лажиче, со оглед на начинот како се пренесува вирусот.

ФОТО: Томислав ГЕОРГИЕВ

 

Поврзани новости