654
Првата сериозна програма на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година, фамозната „Преродба во 100 чекори“, имаше околу сто страници, додека проширената и надградена „Преродба“ од 2008 содржеше речиси 200.
Малку подоцна „Манифестот за реформи и развој“ достигна речиси 300 страници, додека „Проверено“ имаше околу 400 страници и преку 2.000 проекти. Низ текот на годините и низ децениите ВМРО-ДПМНЕ нудеше сѐ повеќе и повеќе проекти и идеи, па така на овие избори излезе со понуда од по два проекта за секој граѓанин.
На промоцијата на програмата, сосема случајно се појави Марти Мекфлај од култниот филм „Враќање во иднината“.