(ФОТО) Филипче го посети човекот на кого му беше донирано срце: Иван е буден, се чувствува добро!

by Fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот профил на Фејсбук објави фотографија заедно со целиот медицински тим и Иван, човекот на кого му беше донирано срце.

Утрово го посетив Иван, тој е буден и се чувствува добро. Изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и…

Publiée par Венко Филипче sur Dimanche 24 mai 2020

„Утрово го посетив Иван, тој е буден и се чувствува добро. Изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и целата јавност за поддршката која ја добива. По успешната операција следува најважниот период од неговото закрепнување, периодот во кој телото на Иван треба да го прифати новиот орган. Докторите максимално посветено ќе го водат низ овој процес, да им посакаме среќа на сите. Верувам дека овој историски подвиг на македонското здравство, овој највисок акт на човечност и хуманост, ќе ја подгине свеста за органодарителството и ќе имаме уште многу успешни трансплантации“, напиша Филипче.

И синот на Иван, Васил изрази голема благодарност до медицинскиот персонал и до семејството Диневи од Дојран и најави дека наскоро ќе се запознаат.

Поврзани новости