639
По кој знае колку победи за кои ние мртвите најмногу допринесовме, конечно го добивме она што го заслужуваме. По задграничниот, ВМРО доби и задгробен комитет овде во рајот, изјави вчера претседателот на задгробниот комитет Тодор Александров.
Нему десна рака во партиските активности на небото ќе му биде Ванчо Михајлов, како секретар на комитетот, а нивното претставништво на земјата ќе биде во Кисела Вода во зградата на улица „Михаил Чакаов“ во станот што не постои во непостоечкиот трети влез.
Сепак, Изборна единица ББ се простира најмногу на гробиштата Бутел и фотографијата јасно покажува за кого се определени починатите кои од година в година ги има сѐ повеќе на избирачкиот список.