711
Како и секој хендикеп сепак, така и искреноста често знае да побуди симпатии и сожалување од страна на другите луѓе, но сега засега став на службите за социјална заштита е дека лицата погодени со овој тип на пречки во политичкиот развој немаат право на финансиска помош од страна на државата.
Новинарите и активистите од граѓанскиот сектор што ја имале таа несреќа да се родат искрени, сепак може да се надеваат на симболична хуманитарна помош од странски невладини организации. Трошка надеж на погодените од овој вид хендикеп им даваат некои политичари, новинари и експерти, кои се чини дека се сосема имуни. Но, науката сѐ уште работи на изнаоѓањето на лекот.