Фокусов речник: СНЕГ

by fokus

Освен за изненадување на надлежните (што го прави добар реквизит за приредување на родендени, на пример) снегот може да најде примена и за покривање на несобрано ѓубре по улиците, како и за кревање на профитот на автолимарски работилници (поради зголемен обем на работа при поправање на оштетени возила при судири). Па при толку многу корисни нешта што снегот ги дава, се поставува прашањето – зошто воопшто им се дозволува на надлежните да го чистат од улиците?

Поврзани новости