Што навистина сакаат да кажат политичарите?

by fokus

Фраза: Постигнавме начелен договор за коалиција, останаа уште да се допрецизираат деталите, кои се од чисто техничка природа.
Превод: Се договоривме дека ќе крадеме заедно, уште да видиме како ќе го делиме пленот.

Фраза: Со него сум во апсолутно коректни односи, комуницираме редовно, иако со намален интензитет.
Превод: Нејќам очи да му видам!

Фраза: Јас лично ќе се заложам да се реши вашиот проблем, но имајте предвид дека не зависи сѐ од мене.
Превод: Што ве ебам, цркнете!

Фраза: Не само што сум запознаен со проблемот, туку веќе организирав тим од врвни експерти кој што тим веќе работи на изнаоѓање на решението.
Превод: Прв пат слушам за ова… а и не ми е гајле ич.

Фраза: Сите опции се во игра, отворени сме за секаква сугестија, се разбира, доколку е конструктивна.
Превод: Немаме никаков план, што прво ќе налета тоа ќе прифатиме, под услов нормално да има нешто и за нас ќар од тоа.

Фраза: Сакаме да им дадеме шанса на младите…
Превод: Старите нѐ научија веќе што гадови сме, па ни требаат некои неискусни, наивни кои ќе можеме да ги искористиме пред да се сетат…

Фраза: Верувам дека и овој пат народот ќе го направи вистинскиот избор.
Превод: Глупа раја, пак ќе си гласа за нас.

Фраза: За оваа година, средства за таа намена не се предвидени во буџетот.
Превод: Има пари, не дека нема, ама зашто па на вас да ви ги дадеме, кога можеме ние да си ги лапнеме.

Фраза: Не ни треба власт, ако ја загубиме државата.
Превод: Ако умре кравата, нема да можеме да ја молземе!

Фраза: Изложени сме на жесток притисок од сите страни.
Превод: Нигде више не ни даваат на вересија, сегде бараат им да платиме одма!

Поврзани новости