Министерот за здравство Венко Филипче во 13 часот ќе одржи состанок со членовите на Комисијата за заразни болести и со претставници од МВР и од локалните центри за јавно здравје.
„Целта на состанокот е заедничка координација за дејствување во општините кои се детектирани како жаришта на коронавирусот. На состанокот ќе се дискутира за начинот и ефективноста на спроведување на актуелните мерки на терен, како и организација и спроведување на можни дополнителни мерки“, соопштија од министерството за здравство.
Анализите и заклучоците од состанокот ќе се достават како предлози до Владата и кризниот штаб за утврдување на следните чекори на дејстување.
Најдоцна до утре се очекува Владата да донесе и одлука дали ќе има полициски час за претстојниот викенд кога е и Задушница.