Министерот за здравство, Венко Филипче, преку видео порака им порачува на граѓаните дека имаат два извора, да ги почитуваат мерките или повторно враќање на острите мерки.
-Исправени сме пред два избора – да се навикнеме безусловно да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето кои се предуслов за нормализирање на состојбата или со непочитување на мерките да ризикуваме повторно враќање назад кон рестрикции и остри мерки. Само заедно можеме да ја надминеме оваа состојба. Верувам дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање, вели Филипче.
Исправени сме пред два избора – да се навикнеме безусловно да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето кои се…
Publiée par Венко Филипче sur Jeudi 28 mai 2020