Филипче: 500 оздравени пациенти од Ковид-19, благодарност до медицинскиот персонал

by fokus

До денеска имаме вкупно 500 пациенти оздравени од КОВИД-19! Благодарност до медицинскиот персонал, пациентите и нивните семејства, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

За да продолжи позитивниот тренд, Филипче посочува дека е потребна поддршка од сите.

-За да продолжиме успешно да се справуваме со корона вирусот, неопходна е поддршка и одговорност од сите граѓани. Да ги почитуваме мерките, затоа што само заедно ќе успееме, порачува министерот.

Поврзани новости