Во Србија полициски час од 30 април до 4 мај

by fokus

Српската Влада соопшти дека забраната за движење за првомајските празници ќе трае од четврток, 30 април од 18 часот па се до понеделник, 4 мај до пет часот.

Како што јави МИА од Белград, Владата ја донесе оваа мерка поради приближувањето на првомајските празници, со цел да ги намали социјалните контакти на минимум.

Граѓаните на возраст над 65 години ќе можат секој ден да излезат на еден час прошетка помеѓу 18 часот и 1 часот по полноќ, најмногу 600 метри од местото на живеење, додека продавниците за нив ќе бидат отворени во четврток од 16 до 19 часот.

Србија досега има евидентирано 8.042 заразени лица со коронавирусот, 156 починати и 1.182 излечени граѓани.

Вкупниот број тестирани лица заклучно со денес во Србија изнесува 64.303 лица.

Во ковид болниците и привремените центри хоспитализирани се 3.044 пациенти.

Од вкупно заразените со коронавирус, над илјада лица се здравствени работници и штитеници во геронтолошките центри или 545 се здравствени работници, а 561 се штитеници и 149 вработени во установите за социјална заштита.

Поврзани новости