Ферера Ербононе, единствениот италијански град без ниту еден заразен од корона вирус

by Fokus

Италијанското гратче Ферера Ербононе е единственото место во земјата каде досега нема потврдено ниту едно заразено лице со новиот корона вирус.

Гратчето, во кое има 1.100 жители, се наоѓа во областа Ломбардија, која е епицентар на италијанската криза предизвикана од Ковид-19.

– Ние сме горди и среќни што ја имаме оваа состојба, но не можам да кажам дека не се плашиме, бидејќи луѓето умираат во градот до нас – изјави Мери Де Лука, сопственичка на продавница за храна во ова италијанско гратче.

Градоначалникот Џовани Фасина дошол на идеја дека локалното население треба да биде тестирано за антитела на корона вирус. Покраинските здравствени власти го одбиле барањето на Фасина, бидејќи тој сакал испитувањето да го спроведе институт кој не е во мрежата на регионално одобрените лаборатории.

Во Италија досега од корона вирусот се заразени над 105.000 луѓе, а починале повеќе од 12.000. Во областа Ломбардија се 40 отсто од сите италијански случаи на зараза и две третини од починатите лица.

Поврзани новости