487
Во борбата против корона вирусот Германија во големи количества набавува еден лек што има намера да го употреби против Ковид-19, пишува „Франфуртер Алгемајне цајтунг“.
Според весникот, станува збор за антивиралните таблети против грип „Авиган“, кои, по искуството во Азија, будат надеж.
„Авиган“ се користи во Јапонија во лекувањето од корона вирусот, а вообичаено спречува вирусот на грипот да се размножува во телото на човекот.
Кинеската Влада неодамна соопшти, потсетува весникот, дека во Вухан постои ветувачко клиничко истражување за овој лек.
Бројот на потврдени случаи од корона вирус во Германија се зголеми на 73.522, покажуваат податоците на Институтот „Роберт Кох“ за инфективни болести од Бон.