Силен земјотрес го погоди Источен Тимор

by fokus

Земјотрес со јачина од 5,5, степени според Рихтеровата скала утринава го погоди Источен Тимор, во југоисточна Азија, соопшти амриканскиот Геолошки институт.

Епицентарот на потресот бил на 68,5 километри северно од главниот град Дили, на длабочина од 35 километри, пренесоа светските агенции.

Засега нема податоци за жртви, нити за предизвикана материјална штета, а не е издадено ни предупредување за опасност од цунами.

Поврзани новости