Фатен е тетовец со украден скутер и со хероин

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне околу 17.50 часот на улица „112“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 42-годишниот тетовец Х.Љ..

При преглед кај него бил пронајден и одземен хероин, а од него, исто така, бил одземен и скутер за кој постои сомнение дека потекнува од извршена кражба.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.

 

Поврзани новости