Камион удри во автомобил, загина 50-годишник од скопско Јурумлери

by Fokus

На 02.05.2023 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Скопје – Велес и регионалниот пат с. Јурумлери – с. Суводол се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(61) од Куманово и патничко возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(50) од с. Јурумлери.

На местото на несреќата од здобиените повреди починал Г.И., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости